Штедилница ФУЛМ е основана во 1999 година, согласно принципите на светските кредитни унии и како дел од македонскиот финансиски систем. Активностите на Штедилница ФУЛМ се реализирани со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД – USAID и со техничка помош од Светскиот совет на кредитни унии – WOCCU преку Здружението на граѓани ФУЛМ.
Во фокусот на активностите на Штедилница ФУЛМ се обичните луѓе и задоволување на нивните финансиски потреби, со што директно се придонесува за доброто на локалните заедници. Штедилница ФУЛМ ги прима заштедите на членовите на ЗГ ФУЛМ и ги пласира во кредити на оние членови на ЗГ ФУЛМ на кои тие средства им се потребни. Штедилница ФУЛМ е финансиска институција, која го опслужува делот од населението кое на друг начин не може да добие финансиски услуги. Оттаму слоганот „Луѓе помагаат на луѓе“ е заштитен знак за суштината на постоењето на кредитните унии ширум светот и на ФУЛМ.
Од своето основање до денес, Штедилница ФУЛМ ја пренесува пораката “Различни од другите” обезбедувајќи побрз, поедноставен и поквалитетен пристап до финансиските услуги на граѓаните во Република Северна Македонија. Согласно нивните барањата и очекувањата,од 2016 година, Штедилницата започна да ја имплементира ИТ стратегијата, за подобрување на пристап до финансиските услуги преку алтернативни канали и вклучување на социјалните медиуми. И покрај многубројните предизвици со кои се соочуваме, сепак сме исклучително горди дека клучот на нашиот успех е довербата на членови на ЗГ ФУЛМ, која од ден на ден се повеќе расте. Вработените, органите на управување на Штедилница ФУЛМ и Здружението на граѓани ФУЛМ, Светскиот Совет на Кредитни Унии (WOCCU) Лигата на Кредитни унии на Мичиген (MCUL) Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и Европската мрежа на кредитни унии (ЕNCU) несебично го поддржуваат работењето на Штедилница ФУЛМ, како резултат на што, Штедилница ФУЛМ го зацврстува своето место на македонскиот финансиски пазар во изминатите 25 година.
Почитувани пријатели,
Светскиот Совет на Кредитни Унии, Инк. (WOCCU) е интернационална трговска организација чија главна цел е развивање на штедни и кредитни унии низ целиот свет. Светскиот Совет на Кредитни Унии обезбеди помош на земјите кои развиваа или подобруваа системи на штедни и кредитни унии преку образовна, техничка и легислативна поддршка. Сите во WOCCU сме исклучително почестени и горди на ФУЛМ – еден од нашите вистински успеси во развивањето на штедни и кредитни унии. Штедилницата ФУЛМ меѓународно се користи како пример за иновативна и прогресивна штедно кредитна унија. Персоналот на WOCCU и даде голема и значајна поддршка на ФУЛМ во повеќе области од нејзиното работење како што се маркетинг, внатрешна ревизија, обука, изготвување на правилници, информациона технологија и отворање на нови филијали, а кое во целост се одрази позитивно на финансиското работење на Штедилница ФУЛМ.Искрено веруваме дека Штедилница ФУЛМ и во иднина ќе продолжи со континуиран развој на финансиските услуги во корист на сите граѓани наРепублика Северна Македонија.
Почитувани дами и господа,
Здружението на граѓани застапува и развива принципи на задругарството преку колективна активност на своите членови, и со единствена цел за соработка и развој на идејата за штедно-кредитното задругарство во Република Северна Македонија. Следејќи ги и анализирајќи ги искуствата на кредитните унии низ светот, воспоставувајќи плодна соработка со WOCCU, USAID, MCUL, ENCU, како и многу други странски и домашни организации и институции, како и постојаното вложување во кадровските и технолошките потенцијали во текот на изминатите години, на наше огромно задоволство успеавме да ги реализираме предвидените развојни програми на Штедилница ФУЛМ. Здружението го формира Форумот за млади, со цел поголемиот број на млади членови да пристапат со желба за трајна соработка и Форумот на жени, за да се поттикне претприемништвото и лидерство во Македонија. Здружението е дел од Сојузот за микрофинансиски организации во Македонија
Почитувани, Штедилница ФУЛМ и оваа година продолжи успешно да ја реализира стратегијата во насока задоволување на потребите за штедење и кредитирање на сите граѓани на Република Северна Македонија. Основната определба на Единствениот содружник на Штедилница ФУЛМ беше и остана идентична како и претходните години и тоа: високо ниво на ликвидност, задоволително ниво на профитабилност како и високо ниво на управување со кредитен ризик. Единствениот содружник на Штедилницата ја усвои Стратегијата за користење на информативните технологии и и социјални медуми стратег со цел постојано ја зголемува понудата на кредитни и депозитни продукти, а воедно ги интензивира и веќе постоечките линии овозможувајќи им на членовите поквалитетен пристап до финансиски услуги. Потврда за успешното работење на Штедилница ФУЛМ е фактот што во изминатите години повеќе од 28.000 граѓани ја изразија довербата користејќи ги нашите услуги.